Дарко Илиески: Струга ТЛ како да е клуб од Скандинавија а не од Македонија!

7208

На две кола до крајот на есенскиот дел од тековната сезона тимот на Струга Трим Лум е пред историски успех. Имено стружани веќе речиси се есенски шампиони, но сепак треба во недела во голем стил на мечот со А. Пандев тоа и да го потврдат. Лидерот има пет бодови предност во однос на вториот Шкупи и со победа во недела, евентуално и со реми, Струга ТЛ и дефинитивно на зимска пауза ќе замине како прва. Со тоа ќе дојде до историски успех.

Дарко Илиески, еден од клучните играчи на Струга ТЛ верува дека може и треба да се победи А. Пандев.

Во форма сме, тоа го покажавме на мечот во Кратово, играме добро, имаме одличен тим и реално е, ако одиграме како што треба, и да победиме. Сепак А. Пандев има одличен состав, не треба да не залажува она место на кое сега наоѓаат струмичани. Сепак како што реков, играме дома пред нашите фанови, знаеме што за нас ќе значат тие три бода. Ќе биде тешко, тука нема дилеми, но како што реков во многу ќе зависи и од нас исходот на овој натпревар. Имаме мотиви до небо, сакаме уште во недела да ставиме заверка на тоа прво место по првата полусезона“ вели Илиески.

Факт е дека Струга Трим Лум има одличен тим за наши услови, дека има победничка атмосфера, дека клубот функционира како што треба. Сето тоа е потребно за да се дојде до вакви резултати.

Покрај тоа што имаме квалитетен тим, одлични индивидуалци, сепак потребно е да имаш и атмосфера. Без нејзе не се доаѓа до вакви резултати. А во Струга ТЛ таа атмосфера, позитивна, победничка и тоа како ја има. Ние сме како едно семејство тука во клубот. Јас сум играл во повеќе наши клубови, сум играл и надвор од Македонија ама можам да кажам дека Струга ТЛ како клуб функционира како да е од Скандинавија а е не од Македонија. За ова се заслужни сите, од спонзорот, раководството на клубот, потоа стручниот штаб и секако играчите. И кога е така, а така е, тогаш јасно е дека клубот ќе оди само напред. Веќе една година сум тука и просто уживам како член на Струга ТЛ“ заклучи Илиески за “Спортмедиа“.

ПретходноВлаховиќ за наводниот се*с скандал: Тоа се глупости…
СледноДрама во групата-Д: Тунис во солзи, Австралија заедно со Франција во 1/8 финале, а Данците дома… (ВИДЕО)