Дешамп: Важно се пласиравме, сега треба да се спремиме за нокаут фазата

110

Селекторот на француската репрезентација Дидие Дешамп призна дека морал да им даде одмор на некои главни фудбалери во дуелот со Тунис кој го загубија со 0:1. Тоа беше последен меч од групната фаза, а резултатот не им смени ништо на светските шампиони затоа што го освоија првото место во групата и се пласираа понатаму.

А во судиското продолжение Гризман постигна гол за 1:1 но беше поништен поради офсајд после консултација со луѓето од ВАР собата.

Не знам што си кажаа, но можеби беше офсајд. Не знам. На крај ни спречи радост. Очигледно е дека имавме потешкотии поради изборот на составот“.

Не можеме да ги постигнеме апсолутно сите цели во исто време. Имавме два прилично тешки натпревари за само четири дена. На повеќе играчи им дадов можност да играат. Тоа е натпревар од Светското првенство и разликата беше очигледна. Најважно е што ја постигнавме нашата цел. Сега ќе се опоравиме и ќе се подготвиме за втората фаза“, изјави Дешам на прес-конференцијата по натпреварот.

ПретходноГРУПА Ц: Аргентина сигурна, а со неа и Полска отиде во осминафиналето!
СледноНоер против Костарика станува голман со најмногу настапи на СП!