Лука Дончиќ, јубилејно 20. пат во својата НБА кариера постигнал барем 40 поени со што се израмни со легендата на Далас, Дирк Новицки на кого му требаа 20 години за да дојде до бројката од 20 вакви мечеви.
Фантастичната партија на Словенецот беше доволна за да Маверикс ја прекине серијата од четири порази во низа и да го победи Голден Стејт со 116-113. Клеј Томпсон на другата страна промаши тројка за продолжение.
Дончиќ мечот го заврши со јубилниот 40. трипл-дабл од 41 поен, 12 скока и 12 асистенции, на својот учинок додаде уште една блокада, четири украдени и пет изгубени топки. Словенецот е шестиот играч во историјата со пет трипл-дабл ефекти со барем 40 поени.
Luka Doncic is the 6th player to record 5+ 40-point triple-doubles:
Oscar Robertson (22)
James Harden (16)
Russell Westbrook (13)
Wilt Chamberlain (7)
LeBron James (6)
Luka Doncic (5) pic.twitter.com/gFsSneqshY— NBA History (@NBAHistory) November 30, 2022
Покрај Дончиќ, добра партија пружи и Хардавеј, кој постигна 22 поени. На другата страна Кари имаше 32 поени, Томпсон остана на пет.
На останатите мечеви, Детроит беше убедливо совладан од Њујорк со 110-140, додека пак Клиперси го совладаа Портланд со 112-118.