За убијците на ракометарот Тот, вкупно 52 години затвор

453

Денеска во судот во Скопје е донесена првостепената пресуда за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот кој почина минатата година пред една дискотека во нашиот главен град.

Судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ изрече високи затворски казни за тројцата обвинети за убиството на Денис Тот. Првообвинетиот Анџело Ѓорѓиевски е осуден на 18 години. Второобвинетата Клементина Лефковска е осудена на 18 години затвор. Третообвинетиот Андреј Костовски е осуден на 16 години затвор. Вкупно 51 години затвор ќе одлежат сега веќе осудените за убиството на ракометарот.

Минатата година овој немил настан ја потресе нашата јавност, откако искусниот ракометар им подлегна на повредите здобиени од нападот. Подоцна приказната се расветли, како и причините како и зошто Тот бил нападнат.

 

ПретходноХаланд дојде во Болоња, потроши речиси милион евра, па се врати во Марбеља!
СледноМајк Кефи е најдобриот асистент во АБА лигата за ноември