Управниот одбор на Јуве, вклучително и претседателот Андреа Ањели и извршниот директор Маурицио Аривабене, колективно поднесоа оставки во понеделникот и семејството Ањели предложи сметководител да ја преземе функцијата претседател додека клубот се обидува да се справи со финансиските и правните проблеми.
Финансиските извештаи на Јувентус беа под лупа на обвинителството и италијанскиот економски регулатор Консоб во последните месеци, истражувајќи ги наводите за лажно сметководство и манипулации со берзата.
На спортски и технички план, Масимилијано Алегри останува главен тренер на тимот, објави новиот извршен директор Џон Елкан од сопственичката компанија Exor.
„Сметаме на него и на целиот тим да продолжиме да победуваме на теренот, како што покажаа дека можат во последните неколку натпревари. Им повторив дека целите на теренот остануваат високи“, објасни Елкан.
„Секогаш е многу убаво да се чувствува поддршката од акционерите, затоа му благодарам на Џон Елкан за овие зборови“, изјави самиот тренер Алегри.
Тој освои пет титули во Серија А, четири Купа на Италија и два Суперкупа, носејќи го тимот во финалето на Лигата на шампионите двапати во неговиот прв период на чело од 2014-2019 година. Во 2021 година тој беше повикан да започне нов мандат кој сеуште е активен.