Макс Алегри ја понудил својата оставка и бил подготвен заедно Ањели и останатиот дел на Управниот Одбор да замине од Јувентус. Но, засега новите сопственици не ја прифатиле неговата оставка. Џон Елкан смета дека засега тоа не е добар потег, па Алегри заедно со спортскиот директор Федерико Черубини да останат на своите позиции до крајот на сезоната.
„Некогаш е многу позитивно да се чувствува блискоста од важните акционери и затоа му благодарам на Џон Елкан за овие зборови. Во овие изминати години исполнети со работа, страст и победи, постојано можев да сметам на поддршката на Ањели.
Андреа и Џон се референтни фигури за Јувентус, кој мора да остане фокусиран на секојдневната работа на теренот за да ги добиеме резултатите што сите ги сакаме“, изјави Алегри.