Германија ќе се соочи со Костарика во последното коло од групата Е и мора да победи ако сака да се надева на осминафиналето на СП (не зависи само од нив, треба и Шпанија да ја совлада Јапонија). Овој меч ќе биде посебен за Мануел Ноер кој ќе се изедначи на врвот по бројот на настапи на еден голман на Мундијалите.
Мечот со Костарика ќе му биде 17-ти на СП и со тоа ќе биде на делба на првото место заедно со Бразилецот Клаудио Тафарел и Германецот Сеп Маер.
Маер беше со најмногу настапи од 1978 година, но Тафарел го изедначи на СП 1998 во Франција. Ноер прв пат настапи на СП во Јужна Африка во 2010 година. Беше дел од Германија која триумфираше на Мундијалот во Бразил 2014 година.