Се огласи фудбалерот на Мексико чиј дрес се најде под нозете на Меси!

3861

Аргентинците бурно ја прославија победата над Мексико во соблекувалната, пееја навивачки песни, а на крајот беше објавено видео кое предизвика многу полемики. На истото може да се види како Лионел Меси го гази дресот на Мексико, навивачите на оваа земја го обвинија дека тоа го прави намерно. Во јавноста се огласи и боксерот Канело, кој му се закани на аргентинскиот фудбалер.

По целиот хаос на крајот во јавноста излезе и фудбалерот чиј дрес се најде на подот, Андрес Гвардадо.

„Добро знам каков човек е тој. Сите тимови со економски тимови имаат договор да оставаме дресови полни со пот на подот во соблекувалната, без разлика дали е твој дрес или од ривал.

Слушнав што кажа Канело, но тој нема поим што се случува во соблекувалната. Сето ова е глупост за мене. Тоа е мој дрес и го сменив со Меси. Тој не го направи тоа намерно и глупаво е да се каже дека го фрлил на под, намерно го газел и слично. Меси не е таков човек“, рече фудбалерот на Мексико.

ПретходноИ Алегри беше пред заминување, но газдата има други планови!
СледноХаланд дојде во Болоња, потроши речиси милион евра, па се врати во Марбеља!