Лоши, ужасни вести за сите во таборот на Бразил, за селекторот Тите како и за фановите во оваа земја, а најмногу за Нејмар. Имено според последните вести најдобриот фудбалер на Брази по се изгледа дека ќе мора да го прескокне 1/8 финалето на СП во Катар. Познато е дека Нејмар се повреди на мечот со Србија, страдаше зглобот и се очекуваше по двата наредни меча од групната фаза, со Швајцарија и Камерун, тој да се врати во тимот кога е најпотребно.
Но повредата изгледа дека е далеку посериозна прилика од она што се мислеше во прв момент.