Иранците и Американците имаа директен судир за втората позиција во групата Б, која води во осминафиналето на ова натпреварување, а на крајот САД успеаја да слават со минимални 1:0 и да дојдат до златото вредни три бода.
Колку овој пораз влијаеше на иранските фудбалери најдобро се виде по натпреварот, бидејќи многумина од нив неутешно плачеа бидејќи знаеја каква шанса пропуштија да се пласираат во осминафиналето на Светското првенство.
На крајот видовме сцени на теренот за кои долго ќе се зборува, но и доказ дека фудбалот навистина ги руши сите граници.
Познато е дека Америка и Иран немаат добри односи со децении, но кога станува збор за спортот, сето тоа се заборава, а сцените од Катар сигурно ќе го обиколат светот и ќе покажат дека фудбалот победува.
Репрезентативецот на Иран, Резаеиан неутешно заплака по поразот, а светот беше воодушевен од потегот на противничкиот играч Робинсон кој го прегрна и се обиде да го утеши.
*Овој момент можете да го видите на следниот ЛИНК.
На крајот првото место во групата го освои Англија која со 3:0 го декласираше Велс. Англичаните имаат седум, а второпласираните Американци пет. Иран е трет со три, додека Велс заврши на последното место со само еден бод.