Фудбалски фестивал за девојчиња, „Ајде на фудбал“

169

Фудбалската федерација на Македонија во соработка со општинските фудбалски сојузи во периодот од 21 до 25 декември организираше фудбалски фестивал за девојчиња до 14 години под мотото „Ајде на фудбал” во Кочани, Тетово, Струга и Битола.

На фудбалските фестивали учество земаа над 300 девојчиња од младинските школи на женските фудбалски клубови и основните училишта од градовите домаќини.Фудбалската федерација на Македонија за сите учесници на фудбалскиот фестивал обезбеди комплет фудбалска опрема.

Фудбалските фестивали ќе продолжат да се организираат и во иднина низ сите градови, со цел популаризација и развој на женскиот фудбал во нашата земја. Фудбалската федерација на Македонија е максимално посветена на зајакнување  на сите жени и девојки кои живеат во Македонија да се занимаваат со фудбал, да ги следат своите соништа и да го исполнат својот потенцијал.

ПретходноДисциплинецот одлучи: Шкупи е казнет со 6 натпревари надвор од Скопје!
СледноВлаховиќ за наводниот се*с скандал: Тоа се глупости…