Халанд дојде во Болоња, потроши речиси милион евра, па се врати во Марбеља!

2924

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд е во шпанска Марбела на одмор за време на паузата поради Мундијалот, а норвешкиот фудбалер вчера ја искористи можноста да отпатува за Болоња и веќе се знае која била причината за неговото гостување.

Тој ја посетил фабриката на Ферари бидејќи решил повторно да се почести и во својата богата гаража да додаде уште едно возило на оваа легендарна италијанска компанија.

Халанд купил ново Ферари, но се уште не е познато за која серија станува збор. Тој наводно потрошил речиси милион евра за новото милениче и јасно е дека напаѓачот на Манчестер Сити не штедел.

По ручал во ресторанот Фонтана во Болоња, а ги пробал и специјалитетите од италијанската кујна.

Она што особено ги изненади Италијанците е љубезноста на Халанд и фактот што тој немал проблем да позира со фановите, неуморно давал автограми.

ПретходноСе огласи фудбалерот на Мексико чиј дрес се најде под нозете на Меси!
СледноЗа убијците на ракометарот Тот, вкупно 52 години затвор