ГРУПА Ц: Аргентина сигурна, а со неа и Полска отиде во осминафиналето!

157

Репрезентацијата на Аргентина се пласира во осминафиналето на СП во Катар како победник на групата Ц благодарение на победата над Полска вечерва со 2:0. Со тоа „гаучосите“ и покрај поразот од Саудиска Арабија во првото коло, ги добија следните два меча и изборија пласман.

Но драматично беше битката за второто место. Мексико ја совлада Саудиска Арабија со 2:1 меѓутоа не го освои второто место. До самиот финиш беше неизвесна ситуацијата. Се до 95. минута Полска беше патник во осминафиналето само поради помалку жолти картони од Мексико (имаа исто бодови (по четири), потоа иста гол-разлика 2:2, меѓусебниот дуел заврши 0:0, па следниот критериум се жолтите картони).
Во последните моменти од мечот С.Арабија постигна гол и ги сруши надежите на Мексико за трет гол кој ќе ги однесеше понатаму. Вака Мексико остана трет и испадна од турнирот заедно со С.Арабија која остана со три бода.

Во осминафиналето Аргентина ќе се соочи со Австралија на 3 декември во Ал Рајан, а Полска ќе игра со Франција еден ден подоцна во Доха.

ПретходноMaeстрален гол на Чавез за Мексико против С.Арабија (видео)
СледноДешамп: Важно се пласиравме, сега треба да се спремиме за нокаут фазата