Марка: Готово е, Роналдо има нов клуб и најголем договор во историјата на фудбалот

1453

„Марка“ објави дека Кристијано Роналдо е блиску до договор со Ал Наср. Португалецот, кој сред сезона по низа скандали доби отказ од Манчестер Јунајтед, во Саудиска Арабија би заработувал по 200 милиони евра по сезона. Саудијците му подготвија договор на две и пол години.

„Роналдо нема избор. Ниту еден европски тим не може финансиски да се доближи до понудата на Ал Наср, а не можат ниту клубовите од МЛС“, пишува Marca, весник близок до агентот на Роналдо, Мендеш. „Марка“ наведува и дека Мендеш и Роналдо веќе се согласиле на оваа понуда.

„Марка“ тврди дека Роналдо веќе се согласил на понудата од Ал Наср, клуб кој е од Ријад, а го води поранешниот тренер на Рома, Руди Гарсија. Најголеми ѕвезди во тимот се голманот Оспина и поранешниот играч на Вилјареал, Алваро Гонзалез.

ПретходноГигантот со демант: Ма каков Роналдо, нема ништо од тоа!
СледноДенеска на Мундијалот: Меси и Аргентина на сцена, “гаучосите“ преку Полска до осминафинале!?