Некогашниот македонски младински репрезентаривец, Матеј Цветаноски напролет ќе има нов клуб. Офанзивецот од денеска повеќе не е член на екипата на Партизани од Албанија затоа што го раскина спогодбено актуелниот договор.
Претходно Цветаноски беше дел од екипата на Гирмот од Унгарија, додека пак во домашниот шампионат настапуваше за Шкупи, Вардар, Пелистер и Македонија ЃП.
Цветаноски додека настапуваше во домашниот шампионат важеше за еден од најквалитетните крилни напаѓачи, а во моментов има 25 години.