Пешевски: Покажавме дека сме дојдени да се бориме, дека го заслужуваме овој дрес!

225

Е.Пелистер со целиот плен се враќа од Диселдорф, каде синоќа го совлада Мотор со 30-33 во рамките на четвртото коло во Европската лига. За битолскиот тим ова беше втора победа во четири меча, истата беше важна за продолжување на битката за пласман во следната рунда.

„Одговоривме на најдобар можен начин за лошите 15 минути против Фуксе Берлин. Се консолидиравме, се издигнавме психички и физички, дојдовме подготвени во Диселдорф и од првата минута покажавме дека сме тука да се бориме, секој да го заслужи овој дрес и на крајот да си заминеме со големи два бода и со победа. Овие четири бода на гостински терен имаат огромно значење, тоа ќе ни биде како ветар во грб за наредните натпревари. Се спремаме за натпреварот во Кавадарци против Тиквеш во петок, тоа е сериозно гостување, па ни следи тешко патување за Шпанија. На секој натпревар се стремиме да бидеме подобри од претходниот и да собереме што е можно повеќе бодови на крајот од групата“, изјави Жарко Пешевски

ПретходноПрвата судијка на Мундијалите ќе го суди мечот Костарика-Германија
СледноДончиќ до остварување за кое на Новицки му требаше цела кариера (ВИДЕО)