Иако од познати причини Русија ја нема на СП, и тоа поради агресијата врз Украина, во таа земја и тоа како се следи Мундијалот во Катар. Дека на Русите не е им сеедно што ги нема на СП доказ е тоа што секојдневно преку пораки тие имаат што да кажат.
Па така и вчера во пресрет на мечот меѓу Иран и САД во центарот на Москва осамна светлечка порака со поддршка до Иран и воедно со провокација до САД.
„САД секогаш се мали. Иран секогаш е голем. Иран, цела Русија е со тебе“ пишуваше на рекламата.
Но и тоа не беше доволно. Познато е дека на овој меч славеа Американците и се пласираа во осминафиналето, додека Иранците си заминуваат дома.
Reklama meczu Iran- USA w Moskwie:
"Stany są zawsze małe, Iran jest zawsze wielki.
Iran, Rosja cię wspiera" pic.twitter.com/X2K5szrCBF
— BuckarooBanzai (@Buckarobanza) November 29, 2022