Аргентинците бурно ја прославија победата над Мексико во соблекувалната, пееја навивачки песни, а на крајот беше објавено видео кое предизвика многу полемики. На истото може да се види како Лионел Меси го гази дресот на Мексико, навивачите на оваа земја го обвинија дека тоа го прави намерно. Во јавноста се огласи и боксерот Канело, кој му се закани на аргентинскиот фудбалер.
По целиот хаос на крајот во јавноста излезе и фудбалерот чиј дрес се најде на подот, Андрес Гвардадо.
„Добро знам каков човек е тој. Сите тимови со економски тимови имаат договор да оставаме дресови полни со пот на подот во соблекувалната, без разлика дали е твој дрес или од ривал.
Слушнав што кажа Канело, но тој нема поим што се случува во соблекувалната. Сето ова е глупост за мене. Тоа е мој дрес и го сменив со Меси. Тој не го направи тоа намерно и глупаво е да се каже дека го фрлил на под, намерно го газел и слично. Меси не е таков човек“, рече фудбалерот на Мексико.
Andrés Guardado of Mexico: “I know the person Messi is. It’s a deal with the staff that when it’s all sweaty, it gets left on the floor. Be it your jersey or rival. Canelo doesn’t know what a dressing room is. It seems silly to me. That shirt was mine, I exchanged it with Leo…” pic.twitter.com/j5QE9MA3lO
— Roy Nemer (@RoyNemer) November 29, 2022