Откако заврши најновото коло од ЕХФ Европската лига избрани се и петте најубави погодоци за оваа рунда.
Во нив е и оној на Себастијан Хенеберг, левиот бек на Е.Пелистер кој одлично одигра во ова коло и забележа гостинска победа кај Мотор со 33:30.
Данецот Хенеберг имаше одлична партија и со 14 гола беше клучот на триумфот над украинскиот првак.