Анадолу Ефес славеше во дербито од 11. коло од Евролигата на домашен терен против Олимпијакос со 82:71. Мициќ беше одличен и го понесе својот тим до нов триумф. Олимпијакос имаше добри шанси за победа, а во текот на првото полувреме го држеше европскиот шампион далеку од себе со предност од 8 поени.
Меѓутоа, во вториот дел Анадолу Ефес ја засили играта во одбраната и на крајот дури дојде до убедлив тркиумф од 11 поени разлика. Мициќ, кој забележа 18 поени и по девет скока и асистенции, беше ѕвезда на вечерта.
Барселона ја продолжи победничката низа победувајќи ја Алба на гостински терен со 88:86. Победа на гости обезбедија и кошаркарите на Монако, кои славеа кај Асвел со 84:75.
Во последните два меча вечерва, Басконија го победи Милано со 78:62, додека на продолженија Валенсија беше подобра од Партизан на гостински терен.