Белгискиот селектор Роберто Мартинез заклучи дека Белгија го напушта Мундијалот со крената глава, а откако се прости од Мундијалот си поднесе и оставка.
„Ова денеска беше вистинскатa Белгија. Не е лесно да се победи на СП, победивме во првото коло без да бидеме во вистинска форма, во второто коло заслужено бевме поразени, а денеска имавме многу можности, но заминуваме со кренати глави. Се збогувам со репрезентацијата“, изјави Мартинез.
Шпанецот стана селектор на „црвените ѓаволи“ во 2016 година и ги одведе до полуфиналето на Светското првенство 2018 година.