Дориев: Напролет ќе ги поправаме грешките од оваа есен!

180
Processed with VSCO with m5 preset

Шкендија во недела во Ѓорче, со меч од 17.коло на гости кај Македонија ЃП ќе ја заврши есенската полусезона. Имено тетовци во последното есенско, 18.коло, ќе биде слободна.

Факт е дека оваа есен Шкендија, која важеше за најголем аспирант за титулата беше далеку од своето ниво. Посебно кога играше дома не го искажа сиот свој квалитет.

За ова, но и за тоа какви се амбициите на Шкендија на неделниот меч во Ѓорче свој коментар има репрезентативецот Љупче Дориев, најодбриот фудбалер на Шкендија оваа есен:

Сакаме оваа 2022 година да ја завршиме со победа. Размислуваме позитивно, сакаме да го дадеме најдоброто од себе и да дојдеме до позитивен резултат на гости кај Македонија ЃП. Потоа одиме на пауза во која ќе имаме доволно време да размислиме, добро да ги анализираме работите добро да се подготвиме за она што не чека напролет. Токму напролет ќе ги поправаме грешките од оваа есен“ изјави за клупскиот сајт Дориев.

ПретходноЈувентус во се поголеми проблеми: Сега и УЕФА отвори истрага за „Старата Дама“
СледноИранецот Хајиага си заминува од Македонија ЃП