Еден гол пресуди: Неговата репрезентација не пројде, веднаш си даде отказ!

4715

Селекторот на мексиканската репрезентација Херардо Мартино поднесе оставка откако не успеа да се пласира во осминафиналето на Светското првенство во Катар. Во последниот натпревар во групата Ц, Мексико ја победи Саудиска Арабија со 2:1, но остана третопласиран во групата со четири бода, колку што има и второпласираната Полска која оди понатаму поради подобрата гол-разлика.

Со ова се прекина серијата од седум последователни настапи на Мексико во осминафиналето што траеше од 1994 до 2018 година.

„За оваа фрустрација и разочарување што го чувствуваме, јас сум најодговорен и ја преземам целата одговорност. Договорот ми истече при последниот свиреж на судијата“, изјави Мартино, кој е на чело на Мексико од 2019 година.

Мексико во првото коло ремизираше со Полска, а потоа загуби од Аргентина. Иако ја победија Саудиска Арабија во одлучувачкиот натпревар, им требаше уште еден гол за да се пробие на гол разлика. Но, се случи токму спротивното и Мексико прими гол во судиското надополнување. Мартино претходно во кариерата ги водеше и Аргентина, Барселона и Парагвај.

ПретходноНајголемата ЏЕКПОТ добивка на сите времиња: ВИДЕОЛОТАРИЈА со НОВОГОДИШЕН СУПЕР МИЛИОНЕР вреден до 36 милиони денари
СледноМеси проговори за контроверзната сцена со Левандовски!