Анадолу со четврта победа во низа, Барса и Монако не попуштаат

133

Анадолу Ефес славеше во дербито од 11. коло од Евролигата на домашен терен против Олимпијакос со 82:71. Мициќ беше одличен и го понесе својот тим до нов триумф. Олимпијакос имаше добри шанси за победа, а во текот на првото полувреме го држеше европскиот шампион далеку од себе со предност од 8 поени.

Меѓутоа, во вториот дел Анадолу Ефес ја засили играта во одбраната и на крајот дури дојде до убедлив тркиумф од 11 поени разлика. Мициќ, кој забележа 18 поени и по девет скока и асистенции, беше ѕвезда на вечерта.

Барселона ја продолжи победничката низа победувајќи ја Алба на гостински терен со 88:86. Победа на гости обезбедија и кошаркарите на Монако, кои славеа кај Асвел со 84:75.

Во последните два меча вечерва, Басконија го победи Милано со 78:62, додека на продолженија Валенсија беше подобра од Партизан на гостински терен.


Standings provided by Sofascore

ПретходноНеславен крај на една блескава кариера: Милер повеќе нема да игра за Германија!
СледноЕве зошто Шпанија е најголемиот добитник во групата-Е!