Денеска на Мундијалот: Хрватска против Белгија става печат на 1/8 финалето, лудница во групата-Е

333

 

Денеска на програмата на СП во Катар се завршните мечеви од 3.коло во групната фаза. И денеска секако дека ќе има драма на Мундијалот, како што тоа беше досега. Се играат по два меча во групите Е и Ф.

Нема дилеми дека и денеска ќе се изнагледаме драми, токму онака како што му доликува на еден Мундијал.

ГРУПА – Ф (16:00 Ч)

ХРВАТСКА – БЕЛГИЈА

КАНАДА –МАРОКО

Табела: Хрватска 4 (+3), Мароко 4 (+2), Белгија 3 (-1), Канада 0 (-5)

Од 16 часот се играат мечевите во групата-Ф. Хрватска како прва сама си решава што и како. Со победа и дефинитивно ќе заврши како прва, и одговара и реми за пласман и понатаму, но пораз.

Белгија има само една опција-победа, теоријата вели дека може и со реми но само ако Канада убедливо го совлада Мароко. И Мароко какои Хрватска одлучува сам, и победа и реми и одговара на оваа селекција. Канада нема никакви шанси.

ГРУПА – Е (20:00 Ч)

ЈАПОНИЈА –ШПАНИЈА

КОСТАРИКА – ГЕРМАНИЈА

Табела: Шпанија 4 (+7), Јапонија 3 (0), Костарика 3 (-6), Германија 1 (-1)

Во вечераниот термин на програмата се мечевите од групата-Е. Шпанија и со бод оди натаму. “Фуријата“ ќе испадне само ако загуби од Јапонија а Костарика ја победи Германија.

Германија мора да победи со Костарика, но и да се надева дека Шпанија ќе ја победи Јапонија. Јапонците со победа сигуно одат натаму, им одговара и реми со Шпанците, но тогаш ќе чекаат Германија да не ја победи Костарика.

ПретходноМеси проговори за контроверзната сцена со Левандовски!
СледноХрватските навивачи пред хотелот на фудбалерите развиорија знаме од 200 метри