По реакциите од јавноста, посебно од клубовите и луѓето од спортот на начинот како тоа се реализира ваучерот, по се изгледа дека тој систем на реализирање ќе биде променет. Досега се знаеше, клубовите го реализираа ваучерот преку фирми кои потоа беа ослободувани од данокот.
Сега се планира самата држава, односно со пари од буџетот да им се помогне на сите чинители во спортот. Но донациите остануваат, односно фирмите кои ќе сакаат да вложуваат во спортот и натаму ќе им се олеснува даночната обврска.
Ова го најави министерот за финансии на Р. Македонија Фатмир Бисими:
„„Одиме со поинакво решение. Ваучер системот нема да оди преку поддршка и ослободување од даночната обврска. Ваучерите ќе се реализираат преку програма на влада, директно како поддршка од буџетот. Институцијата што ќе го реализира тоа дополнително ќе се прецизира преку законот. Остануваат донациите за спортот од страна на стопанството и даночното ослободување како и за сите други јавни услуги што ги прави стопанството. Ќе можат фирмите да го користат даночното олеснување за донациите во спортот. Оваа важна категорија за поддршка на спортот останува, но со изменет систем затоа што досегашното решение во пракса создава црн пазар“, изјави министерот за финансии Фатмир Бесими.