Мобилизација во Битола, сите на стадион во сабота е дерби

249

Иако во моментов вечното и воедно и најголемо фудбалско дерби на Македонија, помеѓу екипите на Пелистер и Вардар е со предзнак ВМФЛ тоа никако не значи дека од навивачки аспект не треба да биде на највисоко можно ниво. Напротив. И тоа како ќе биде такво.

Веќе е познато дека Комити пристигнуваат во Битола, ФК Пелистер дозволи, и за тоа доби јавна благодарност, а домаќините Чкембарите очигледно дека имаат план како да се претстават најдобро в сабота и да покажат кој е кој.

Низ Битола осамнаа десетина банери, со повик за општа мобилизација на навивачите на Пелистер, и задолжително присуство на „Петар Милошевски“ викендов. Ќе се отвора секако новата долго очекувана трибина и редно е Битола тоа да го испрати како што треба.

FOTO: И моето дете ќе навива за Пелистер

 

ПретходноФК како КК…. дождот ги натера „Романтичарите“ да играат баскет наместо фудбал
СледноМексиканец го искрши телевизорот по елиминацијата на Мундијалот (ВИДЕО)