Бразил реди победи на Мундијалот, утре против Камерун ќе одигра “рекреативно“ зошто тој меч ништо не му значи, но во таборот на Бразил владее вистинска паника и тоа поради Нејмар. Мега – ѕвездата се повреди уште на првиот меч со Србија и првичните планови беа дека тој сепак ќе игра во 1/8 финалето. Вчерашните вести беа дека тој ќе го пропушти и овој меч, но денеска навистина доаѓаат и повеќе од ужасни вести. Имено најавите се дека покрај зглобот веројатно и лигаментите на Нејмар страдале и тоа значи дека тој ќе мора да паузира најмалку еден месец. А тоа секако значи дека за него СП во Катар е завршено.
Каков удар ќе биде тоа за амбициите на Бразилците и не треба да се говори.