Пелистер го “среди“ Еуро Никел среде Кавадарци!

174

Во меч од 7.коло во нашата елитна кошаркарска лига, Пелистер среде Кавадарци успеа да го победи тимот на Еуро Никел со 64:73.

По обврските во АБА 2, каде што битолчани играат квалитетно, време беше за враќање на домашните обврски.

Инаку мечот започна, во таа прва четвртина, со добра игра на домашните кои тој период го завршија со 19:10. На кошаркарите на Еуро Никел се им одеше од раце, имаа сигурно водство. Сепак битолчани веднаш вратија, и тоа во втората четвртина која ја добија со 22:13. До крајот на мечот одиграа квалитетно и не го испуштија водството, и покрај фактот дека во одредени моменти домашните резултатски се приближија, но сепак битолчани победија и освоија нови бодови.

Најефикасен на мечот беше Планиниќ кај домашните со 22 поени, додека кај гостите тоа беше Караџовски со 20 поени.

ПретходноСкандалозно: Навивач со хрватски дрес претепан среде Загреб, презимето било проблем!
СледноБелгија ќе бара нов селектор: Мартинез си поднесе оставка