Полувреме: Каков кикс на Борјан, Канада – Мароко 1:2, Хрватска – Белгија е 0:0! (ВИДЕО)

188

Завршија првите полувремиња од двата меча од 3.коло во групата-Ф. На мечот Мароко – Канада несекојдневен кикс на голманот Милан Борјан кој и тоа како искористи Зијеш во таа 4.минута за 0:1. Мароко во 23.минута преку Ел Несири зголеми на 0:2. Канада во 40.минута намали на 1:2 со автоголот на Агуерд.

Хрватска и Белгија играат интересен меч. Ѓаволите ја имаа иницијативата, имаа и шанси, но на пауза се замина со резултат 0:0. Најинтересно беше во 18.минута кога судијата Ентони Тејлор покажа на белата точка за Хрватска, но радоста на Хрватите беше прекината од страна на ВАР кој поради офсајд реагираше и англискиот судија мораше да ја преиначи својата одлука, па така пеналот беше поништен.

 

ПретходноПаника во Бразил: За Нејмар заврши Мундијалот!?
СледноДржавата преку буџетот ќе го реализира ваучерот, донациите остануваат!