Португалија утре без Роналдо на мечот со Ј. Кореја?

564

Кристијано Роналдо е под знак прашалник за настап на утрешниот натпревар на Португалија од групата „Ф“ на Светското првенство во ФИФА против Ј. Кореја, објави селектор Фернандо Сантош. 37-годишниот капитен не тренираше во средата, а не с епојавил на тренингот ниту денеска во првите 15 минути отворени за новинарите.

„Шансите дали ќе игра се 50:50. Ќе видиме. Се зависи од тоа како ќе се чувствува на денешниот тренинг и дали е подготвен за игра. Имаме план доколку отсуствува“, изјави Сантош.

По победите против Гана и Уругвај, Португалија е на чело на групата со шест бода и може да го обезбеди првото место со победа или реми. Сантош изјави дека Нуно Мендеш не само што нема да игра против Корејците, туку и ќе го пропушти остатокот од првенството поради повреда на бутот. Мендеш, Отавио и Данило се повредени, па Сантос сигурно ќе ротира.

ПретходноГРУПА „Е“: Јапонија ја победи Шпанија и ја испрати Германија дома (ВИДЕО)
СледноЈапонците во осминафинале против Хрватска, Шпанците одат на Мароко