Натпреварот помеѓу Аргентина и Мексико предизвика голема врева, не толку поради победата на Меси и тимот, туку повеќе поради однесувањето во соблекувалната. Канело Алварез, познатиот боксер од Мексико, се налути по видеата кои беа објавени на социјалните мрежи.
Алварез многу брзо проговори по мечот и упати бројни навреди и закани кон Меси. Но, за крајот време се чини дека и самиот боксер сфатил дека ја преминал границата по тие изјави.
„Имав коментари кои не беа на место. Затоа сакам да им се извинам на Меси и на луѓето од Аргентина. Секој ден учиме нешто ново, сега е мој ред да научам“.
Canelo Alvarez has apologised for his comments towards Lionel Messi after Argentina’s win against Mexico 🗣 pic.twitter.com/CPB1V0L5AO
— ESPN FC (@ESPNFC) November 30, 2022