Симпатично: На Мегваер му се смеат и во парламентот на Гана при расправа за буџетот! (ВИДЕО)

226

Стоперот на Манчестер Јунајтед и репрезентацијата на Англија, Хари Мегваер, поради неговите киксови често е на мета на омаловажување од страна на фановите, коментаторите, јавноста, но се чини дека никој не можеше да препостави дека во парламентот на Гана при расправа за буџетот тој ќе биде тема.

Замислете си, политичарите во Гана си се зафркаваат со Мегваер.

Пратенкот од опозицијата Исак Адонго со постмев говореше за министерот за економија на таа земја Махамадуа Бавуми, споредувајќи го со Мегваер и го нарече “Мегваер економија“.

Има еден фудбалер кој се вика Хари Мегваер и игра во Манчестер Јунајтед. Тој игра во одбрана, ги сопнува сите по ред, па дури и своите играчи. А често асистира и на противничките напаѓачи. Кога ривалот не може да му даде гол на Јунајтед, тука е Мегваер сам да си даде. Е овој господин Бавуми е `Мегваер економија`. Тој ја уништува нашата економија исто како што Мегваер го прави тоа кога игра фудбал“ истакна покрај другото Адонго.

Интересно е тоа што додека тој говореше сите пратеници во парламентот на Гана просто “плачеа“ од смеење.

ПретходноКалин во Мадрид ќе игра во 1/4 финалето
СледноПаника во Бразил: За Нејмар заврши Мундијалот!?