Во сабота на стадионот “Петар Милошевски“ во Битола се игра “Дербито на Македонија“ во кое се среќаваат Пелистер и Вардар. Ова е вечно дерби без разлика дали ривалите се во ПМФЛ и ВМФЛ. Честа да ја дели правдата ја има Стојанче Трпчевски од Кавадари, еден од ТОП-5 судии во Македонија.
Во продолжение можете да ги видите сите судии кои ќе судат на натпреварите од 14.коло во рамките на ВМФЛ.
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 14.КОЛО – САБОТА (13 Ч)
Пелистер – Вардар: Стојанче Трпчевски (Кавадарци)
Кожуф – Тетекс: Дарко Котевски (Битола)
Арсими – Беласица: Димитар Пилешков (Штип)
Охрид – Слога (В): Марјан Дејаноски (Кичево)
Детонит – Воска Спорт: Боби Величков (Велес)
Борец – Гостивар: Доне Ристовски (Гевгелија)
Караорман – Беса: Игор Иванов (Велес)
Пехчево Скопје – Саса: Благојче Ралевски (Битола)