Три одбрани на Митревски, прв бод за Порто

64

Порто на нашиот репрезентативен голман Никола Митревски успеа да извлече реми (31:31) на домашен терен на средбата со Магдебург на вечерашните дуели од 8. коло во ЛШ. По седум порази, ова е конечно првиот бод за Порто освоен против тимот кој се бори за пласман на самиот врв на табелата во оваа група.

Никола Митревски средбата ја заврши со три одбрани, а најдобар стрелец кај Португалците беше Итуриза со седум гола.

Нант вечерва без поголеми проблеми со убедливи 35:28 славеше против дански Алборг со што ја оствари и шестата победа за пласман на 3. место на табелата во групата, каде Алборг сериозно заостанува на 4. место со само три победи.

Претходно денеска победа на гостувањето кај Висла во Плоцк обезбеди екипата на Динамо Букурешт со 28:26 со што се искачи на 4. место во групата.

ПретходноЈапонците во осминафинале против Хрватска, Шпанците одат на Мароко
СледноНеславен крај на една блескава кариера: Милер повеќе нема да игра за Германија!