„Спортската приказна“ особено кај нас секогаш оди вака. Дека кошаркарите и ракометарите се всушност фудбалери кои не успеале во најпопуларниот спорт на планетава. Токму затоа и кошаркарите се „мераклии“ да се пробаат на фудбалскиот терен.
Од друга страна пак тешко дека ќе начекаш фудбалер кој некогаш сакал да биде кошаркар. Во таа улога денеска ФК Работнички кој поради обилните долждови во Скопје денеска наместо на терен заврши во салата во Гратски парк. Интересна ситуација во која капитенот Крсте Велкоски како најјискусен ги поведе своите соиграчи на една партија баскет. Е сега дали како најстар подавал или при секој напад тој ја имал завршницата не знаеме, а штом е баскетот кај него на сите фотографии тогаш ситуацијата станува јасна. Андреј Кировски да речеме пак оди на сигурно. Со нога. Диме Тодоровски од толку гледање кошаркарски мечеви во животот сигурно научил нешто. За Сапко Аломеровиќ одсекогаш се знаеше дека е плејмејкер дали со нога или со рака не е важно.