Фото вест: Браќата Бабунски и Костадинов со поздрав од Барселона!

822

Ако Македонија играше на СП во Катар, а бевме блиску, на само 90 минути, тогаш нашите репрезентативци немаше да бидат слободни како што се сега па да можат да ги користат зимските одмори.

Браќата Бабунски, Давид и Доријан се на мини – одмор во Барселона а таму деновиве беше и Тихо Костадинов на финалните прегледи по операцијата на лигаментите направена во април. И се разбира кога сите тројца во исто време се во Барселона следува поздрав од еден од најубавите градови во светот.

Да кажеме дека Костадинов набргу се враќа во својот тим Пјаст Гливице, а тоа значи дека ќе се врати и во А-репрезентацијата за дуелот со Малта во март, на стартот од квалификациите за ЕВРО 2024.

ПретходноБелгија ќе бара нов селектор: Мартинез си поднесе оставка
СледноЈувентус во се поголеми проблеми: Сега и УЕФА отвори истрага за „Старата Дама“