Хрватските навивачи пред хотелот на фудбалерите развиорија знаме од 200 метри

155

Навивачите на хрватската репрезентација повторно дојдоа на плажата пред хотелот каде што е сместена нивната репрезентација, го развиорија огромното знаме во знак на поддршка за мечот со Белгија.

Ова го сторија пред натпреварот против Канада, која Хрватска ја совлада 4:1, а сега го повторија овој чин со цел дополнително да ги мотивираат фудбалерите.

На песочната плажа на хотелот повторно беше развиорено навивачко знаме, долго 201 метар и тешко 95 килограми.

Хрватска од 16 часот го игра натпреварот од 3.коло од групата Ф против Белгија. Има неколку комбинации со кои Хрватска може да се пласира во осминафиналето на Мундијалот, но најсигурна за добра атмосфера и продолжение на турнирот ќе биде онаа во која Хрватска ќе победи.

Видеото можете да го видите на следниот ЛИНК. 

ПретходноДенеска на Мундијалот: Хрватска против Белгија става печат на 1/8 финалето, лудница во групата-Е
СледноФранцуската фудбалска федерација поднесе жалба до ФИФА!