Јапонците во осминафинале против Хрватска, Шпанците одат на Мароко

239

По вечерашната драма во групата „Е“ на СП во Катар, станаа познати уште две двојки за осминафиналето. Хрватската фудбалска репрезентација во осминафиналето на Светското првенство во Катар ќе игра против Јапонија, додека Шпанците одат на мегдан со најдобрата африканска селекција на овој Мундијал – Мароко.

Натпреварот Хрватска – Јапонија ќе се одигра во понеделник на 5 декември со почеток во 16 часот на стадионот Ал Џануб во Ал Вакра. Дуелот меѓу Шпанија и Мароко е ден подоцна, во вторник, од 16 часот на „Едјукејшн“ стадионот во Ал Рајан.

ПретходноПортугалија утре без Роналдо на мечот со Ј. Кореја?
СледноТри одбрани на Митревски, прв бод за Порто