Ромелу Лукаку засекогаш ќе го памети денешниот ден 01.12.2022 кога само поради него Белгија не успеа да се пласира во 1/8 финалето на СП во Катар. Хрватите го слават својот нов херој, имено само поради неговите промашувања тие се во 1/8 финалето иако беа надиграни, напаѓачот на Интер не успеа да искористи дури четири зицери, еднаш ја погоди и стативата.
По мечот Лукаку беше неутешен, прво почна да шутира се она што беше на клупата а потоа потекоа и солзи. Тука беше Тиери Анри да го утеши, но бадијала.
Лукаку се посрамоти за сите пари.
Лукаку ја “закопа“ својата Белгија.
ФОТО: Twitter
Unlucky Lukaku finally hits the target🎯 pic.twitter.com/NbAiv5PQO4
— ⚽️442oons⚽️ (@442oons) December 1, 2022