Хрватска – Белгија 0:0 и Канада – Мароко 1:2 е епилогот од последните два меча во групата – Ф во групната фаза на СП во Катар. Тоа значи дека Мароко како прв во групата и Хрватска како втора се пласираа во следната фаза.
Каква сензација? Белгија си оди дома, не успеа да ја победи Хрватска во решавачкиот меч и тоа само поради Лукаку кој имаше барем четири зицери, четири супер шанси и не успеа да реализира барем една. Она што тој го промачуваше се граничи со нешто невозможно. Затоа Лукаку е трагичарот на Белгија.
Каква среќа имаше Хрватска, и тоа се граничи со нешто невозможно.
На вториот меч Мароко со 2:1 успеа да ја победи Канада и тоа головите уште во првиот дел на Зијеш и Ел Несири, додека Канада намали со автоголот на Аугерд.
Историска победа и историски успех на Мароко.