Калин во Мадрид ќе игра во 1/4 финалето

123

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски одлично игра на фјучерс турнирот во Мадрид. Тој денеска избори пласман во 1/4 финалето откако славеше со убедливи 2-0 во сетови, односно 6-3 и 6-4 против Италијанецот Федерико Бондиоли.

Одличната форма на Ивановски во моментов се гледа на терен, каде лесно минува противници на турнирите каде што настапува.

Ивановски во следната рунда ќе се сретне со Алан Фернандо Рубио Фиерос кој исто така очигледно е во добра форма во моментов затоа што го елиминираше првиот носител на турнирот Адриа Сориено Барера.

 

ПретходноМексиканец го искрши телевизорот по елиминацијата на Мундијалот (ВИДЕО)
СледноСимпатично: На Мегваер му се смеат и во парламентот на Гана при расправа за буџетот! (ВИДЕО)