Работите за Јувентус стануваат полоши од ден на ден, откако УЕФА денеска објави отворање на официјална истрага против клубот за потенцијални прекршувања на регулативите за лиценцирање и финансиски фер-плеј.
Тимот од Серија А веќе е под истрага во Италија, и во правна и во спортска димензија, за можни финансиски неправилности. Сега УЕФА и формално отвори истрага, потенцирајќи дека се фокусира на прекршувања на правилата за финансиски фер-плеј и прописите околу лиценцирањето клубови.
Истрагите одат во две насоки: Првата води кон надуените капитални добивки врз основа на такси за трансфери со вештачко зголемување на вредноста на играчите во договорите за размена, а втората кон извештаите на играчите кои се согласиле да се откажат од платите за време на Ковид-кризата, но на кои сепак, им била исплатена плата.