Шок завршница на Х групата на Мундијалот во Катар. Репрезентацијата на Јужна Кореја во послендото трето коло ја совлада Португалија со 2:1, и на тој начин избори пласман во 1/8 финалето од турнирот. На сметка на тоа, репрезентацијата на Уругвај иако забележа победа над Гана од 2:0 испадна од понатамошна конкуренција и си оди дома.
Шокот на Уругвајците, а радоста на Корејците дојде во судиското продолжение одкако Хван Хи Чан одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник, и погоди за водство на Јужна Кореја, а потоа и конечен триумф. Претходно Хорта за Португалија погоди уште во петтата минута, а потоа за Ј.Кореја израмни Ким Јон Гвон.
Од друга страна пак, Уругвај откако Гана промаши пенал на самиот старт на мечот преку Аје, дојде до двојно водство уште до полувреме со двата погодока на Де Аракаеста. До крајот уругвајците калкулираа не напаѓаа да постигнат уште голови што ќе ја подобреа нивната гол разлика и тоа ги чинеше многу.
Португалија го освои првото место во групата со шест бода, Ј Кореја и Уругвај имаат по четири, но Корејците имаат подобра гол разлика и затоа се во елиминационата фаза од Мундијалот.
ТАБЕЛА
1. Португалија 6
2. Јужна Кореjа 4
3. Уругвај 4
4. Гана 3