Разочарување за Србите, Швајцарија и Бразил се пласираа во осминафиналето

215

Репрезентациите на Бразил и на Швајцарија се пласираа во нокаут фазата на СП во Катар после вечерашните дуели од 3.коло во групата.

Во Доха играа Србија и Швајцарија, мечот донесе пет гола и победа на Швајцарците. Инаку Шаќири ја доведе Швајцарија во водство во 20. минута.

Шаќири е првиот Швајцарец со голови на три СП (2014, 2018 и 2022). Исто така е на гол помалку од изедначување на рекордот на Сеп Хуеги од шест гола за Швајцарија на Мундијалите, сите шест ги даде во 1954.

Сепак, шест минути подоцна изедначи Митровиќ, а пресврт направи Душан Влаховиќ во 35. минута. Но работите на почеток ги врати голот на Емболо во 44. минута.

На Србија и требаше победа над Швајцарија со било која разлика под услов Камерун да не го совлада Бразил на другиот меч.

Меѓутоа место тоа, студен туш на почетокот на вториот дел. Ремо Фројлер го погоди голот на Вања Милинковиќ-Савиќ, а тој гол се покажа како победнички за пласман на Швајцарија во осминафиналето.

На другиот меч Камерун го победи Бразил со 1:0. Селекторот на Бразил Тите ги одмараше првотимците, па шанса им даде на Бремер, Милитао, Фред, Антони, Габриел Жесус, Родриго, Мартинели, Алес Тељес… во вториот дел влегоа и Евертон Рибеиро, Бруно Гимараеш, Рафиња, педро… Тоа не беше доволно ни за реми. Победничкиот гол за Камерун го постигна Абубакар во 92 минута за трето место на табелата.

Србија со еден бод заврши последна.

 

ПретходноГерманија испадна, дресовите на 50% попуст
СледноКомплетирана нокаут фазата – Ниту едно супер дерби во осминафиналето на СП!