Австралиски играч го „украде“ листот со инструкции од Данците и им ја растури тактиката (видео)

401

Австралија ја совлада Данска со 1:0 и се пласираше во осминафиналето на СП во Катар притоа елиминирајќи го европскиот тим што е големо изненадување. Во 69 минута кога Австралијанците веќе имаа водство и го бранеа се случи интересен момент.

Каспер Хјулманд, данскиот селектор ги испрати Роберт Сков и Андреас Корнелиус на теренот. Еден од нив влезе во упатство за игра покажувајќи му на Кристијан Ериксен кој потоа му го предаде на Пјер-Емил Хојберг. А Хојберг кога го прочита го свитка и го фрли на тревата со што направи голема грешка.

Австралискиот офанзивец Дјук го забележа тоа и го зема ливчето. Му го покажа на дефанзивецот Јоаким Андерсен, а потоа истрча до клупата и му го предаде на селекторот Грем Арнолд.

Стручниот штаб го прочита и неколку минути подоцна го адаптира тимот на нова тактика. Со ова фудбалерите на Австралија се бранеа со сите сили и го сочува резултатот кој ги однесе во следната фаза.

ПретходноБитола се подготвува за дерби, Комити ќе се сместат на новата трибина (ФОТО)
СледноУште една оставка: И Гана остана без селектор