Утре со почеток од 13:00 часот на стадионот Петар Милошевски во Битола се игра големото македонско фудбалско дерби помеѓу екипите на Пелистер и Вардар.
Овојпат со предзнак ВМФЛ, со оглед на статусот на двата наши најголеми фудбалски брендови но што е тука е. Од ова дерби сите сакаат да се излвече максимум па затоа, ФФМ, домаќинот, како и сите надлежни органи дозволија гостување на навивачи. Поточно, во Битола утре пристигнуваат Комити, кои ќе бидат сместени на новата тукуштоизградена трибина на стадионот. Поради сигурност, тукушто монтираните столчиња на трибината се дислоцирани на два дена. Потоа, секако повторно ќе бидат монтирани.