Балканско дерби во НБА: Богдановиќ подобар од Дончиќ!

89

Големо изненадување во единствениот меч од НБА изминатата вечер. Детроит го победи Далас со 131:125 во натпревар во кој силите ги одмерија Бојан Богдановиќ и Лука Дончиќ, на крајот се радуваше Хрватот кој мечот го зврши со 30 поени, додека Словенецот имаше 35 поени и 10 скокови, но и тоа не беше доволно за победа.

Овој меч Пистонси го добија во продолжението и тоа откако при резултат 125:125 Хејс со две тројки му донесе триумф на својот тим.

ПретходноШвајнштајгер: Погледнете ги – само еден играч тука е класа, останатите се просек и за Бундеслигата!
СледноЗарем некој му верува на Енрике: Ќе добиев инфаркт ако знаев дека сме пред елиминација!