Поранешниот холандски фудбалер Рафаел ван дер Варт за катастрофалниот настап на Германија на СП ја обвини одбраната.
„Германската репрезентација има проблеми во одбраната. Зиле не е играч од светска класа. Тој е германскиот Хари Мегваер“, изјавил Ван дер Варт за медиумите.
Германската репрезентација вчера го заврши настапот на Мундијалот во Катар откако го освои само третото место во групата.