Германија испадна, дресовите на 50% попуст

146

Секако дека маркетиншкиот дел на Мундијалот во Катар е вториот најважен сегмент по оној натпреварувачкиот секако. Парите кои треба да се заработат се главната цел на компаниите кои се спонзори на овој огромен настан, а тука пред се се мисли на оние на спортска опрема.

Адидас е со децении главниот спонзор на Германија, која прописно се посрамоти на овој турнир и испадна уште синоќа во групната фаза иако во последното коло триумфираше над Костарика.
Сега, откако „ПАнцирите“ се на пат за дома, на Адидас не му преостана ништо друго, туку дресовите со нивните национални бои, кои ги има во изоболие во продавниците да ги продава по 50% пониски цени.

„Иако испаѓањето на Германија, за нас е голем удар, сепак, заработуваме од меѓународниот ентузијазам што се вели односно од навивачите кои ете, имаат симпатии кон оваа репрезентација“ – изјави портпаролот на Адидас.

Пред самиот Мундијал, Адидас направи проценка од околу 400 милиони заработувачка на име на дресови и друга опрема.

 

ПретходноЕ.Пелистер однесе победа од Кавадарци, Пролет ја запиша десеттата победа
СледноРазочарување за Србите, Швајцарија и Бразил се пласираа во осминафиналето